Македонија

Итна операција ќе му биде извршена на Јанакиевски, откако СЈО три пати бараше притвор и го ослободуваше од Шутка

Миле Јанакиески од истражниот затвор Шуто Оризари е пренесен во приватната болница каде што треба да му се прави оперативен зафат. Јанакиевски е во притвор по барање на СЈО, поради како што велат, неодговорно доделување на државни плацови.

Според неговите адвокати, тој ќе мора да биде опериран, а неофицијално станува збор за проблеми со преткомората на срцето. Јанакиески минатата недела имал лекарски преглед, по што било дијагностицирано дека има потреба од итна интервенција на срцето.

Тој досега три пати беше во притвор во Шутка по разни основи, а до пред една недела штрајкуваше со глад, кој го прекина откако така му беше препорачано од лекарите.

На почеток