Жител на Скопје сподели потресна случка на социјалните мрежи. Вчеравечер, додека шетал, забележал момче кое лежело на плочките од патеката во Скопје. Се обидел да го разбуди, но не успеал. Веднаш реагирал и викнал Брза помош. За разлика од него, многу минувачи го одминале младото момче.
„Јас реагирав, ги узурпирав минувачите, се викна Брза помош, чија екипа констатираше дека детето било само во длабок сон. Колку часа спиело вака на плочките и колку минувачи поминале покрај него како да не го применуваат, не знам. Знам само, дека судбината на оваа категорија гладни семејства, на чии деца земјата им е постела, а небото покривач, не треба да биде грижа на хуманите граѓани, туку на државата. Особено кога таа се нарекува социјална држава!“, напиша тој на социјалните мрежи.