Нa 6 ноември годинава во скопскиот граѓански суд треба да се појават неформалниот сопственик на „1 ТВ“, Бојан Јовановски и неговиот правен застапник и адвокатoт на приватна скопска болница во судска парница поради неплатена здравствена интервенција.
Неофицијално Орце Камчев т.е „Систина“ го тужи Боки 13 за хируршките интервенции за слабеење и естетика кои беа направени во Македнија, а за кои Боки лажеше дека му се правени во Лондон.
Српски курир пишува:
„Имаше 130 килограми, носеше штикли, се шминкаше, па ослабе 60 килограми: Боки 13 во Лондон даде многу пари за овој третман. Кога ќе видите како сега изгледа ќе останете без текст.
Со сличен наслов и другите српски медиуми пишуваа за Боки 13.
Инаку, Боки 13 останал должен за 10.313 евра кон „Систина“.
Двете страни ќе се соочат пред судијката Лилјана Зафировска-Петреска во скопскиот граѓански суд во септември.