„Веројатно имате ваша стратегија, но она што го кажувате кажете го надвор од говорница затоа што лажете, бестрамно лажете“, му одговори премиерот Зоран Заев на пратеникот Антонио Милошоски на писменото пратеничко прашање во кое побара да се обелоденат детали за ангажманот на советникот на премиерот Љупчо Зафировски.
– Да кажете дека Зафировски е советник оти соработувал со Заев е лага. Не можете сами да си креирате приказни за да исполнат некои ваши стратегии. Истото се случува и со бизнисменот. Тоа е одговорот на прашањето. Се знае дека ако некој бизнисмен бил рекетиран каде се пријавува, кај мене не дошол никој од белоруската амбасада. Ако тоа е така, на прес конференција со докази треба јавно да обелодени. Креирањето на вакви амбиенти нема да дозволиме да ви помине. Ваквите шпекулации имам обврска да ги демантирам“рече Заев одговарајќи му на Молошоски.
Премиерот додаде:
-Ми замерувате за советник кој го плаќаме 1.200 евра. Па на Влатко Ѓорчев сопругата за 1.800 евра ја ангажиравте. Вие ќе држите предавање за тоа кого сум ангажирал. Еве ќе ја видиме Франција како ќе гласа во октомври – рече Заев осврнувајќи се на неговото објаснување дека Зафировски бил ангажиран поради неговите контакти во кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.
Само за потсететување Милошоски преку говорница кажа дека наводно бизнисмен од Битола кој во првите три месеци од годината добил тендер за РЕК Битола, функционер на власта му побарал 250.000 евра во кеш. Како што рече Милошоски, за да се заштити од ваквото барање, бизнисменот од Битола искористил лични контакти со амбасадата на Белорусија во Белград која ја покрива и Македонија.