Македонија

По Рангелова, уште една пратеничка поднесе оставка во ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката Лилјана Затуроска поднела оставка од функцијата генерален секретар на Унија на жени во ВМРО-ДПМНЕ. Ова следува откако претходно, пратеничката Даниела Рангелова поднесе оставка од позицијата претседателка на Унија на жени во партијата.

„Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше. Рангелова и тимот ја поставија Унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи. Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува. Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ке ја предводи унијата“, пишува пратеничката Затуроска на социјалните мрежи.

Таа додава дека стои на располагање во ВМРО-ДПМНЕ, а во натамошниот период, таа ќе ги извршува сите одлуки и активности кои ќе и бидат доверени во иднина.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток