Некатегоризирани

Стефан Богоев и Наташа Петровска испрашувани за рекетот на Боки 13 и Зоран Кичеец

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција испитува лица за кои цени дека со даден исказ можат да помогнат во натамошното  утврдување на факти во предметот  кој се води против две лица за кривични дела – Примање награда за противзаконито влијание и  Перење пари и други приноси од казниво дело.

Во текот на вчерашниот ден  по телефонски повик од јавен обвинител, во обвинителството  даде изјава градоначалникот на општина Карпош.   Денеска  беше повикана и изјава даде градоначалничката на општина Битола. Во интерес на истрагата, обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на дадените изјави.

Паралелно со прибирањето на вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија.

Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на обвинителството се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител.

Почитувајќи ја транспарентноста во работењето, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе продолжи со информирање на јавноста за преземените дејствија секојпат кога ќе постојат законски можности и во обем кој не ја попречува истрагата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток