Немилиот настан кој се случи во средата, а се обелодени вчера сеуште ги полни социјалните мрежи со секакви коментари. Станува збор за инцидентот кој јавноста го виде преку видео снимано со мобилен телефон во близина на поранешниот скопски саем, кај хотелот Континентал, па објавено на социјалните мрежи. На видеото се гледа дека таксист тапа девојка во Скопје.
На почетокот на видеото изгледа како жената да сака да направи штета на автомобилот, а потоа насилникот доаѓа и жестоко ја турка, по што таа полугола паѓа на тротоар.
Коментари има различни, од оние кои бараат на таксистот да му се одземе лиценцата, потоа оние кои претпоставуваат која била причината, до трети кои вината ја пронајдоја во девојката.
Но, како и да е и која да е причината, онакво однесување никако не е прифатливо.
Канал 5 успеја да ја пронајде девојката инволвирана во настанот. Станува збор за 30- годишната Добрила Стефановска која за Канал 5 ја објаснува причината за инцидентот.
Стефановска за Канал 5 раскажа дека била натепана од таксистот за банална причина, односно тој немал да и врати кусур.
Сторијата ја има Канал 5