Актуелно

Пензионерката ќе пријави дека е ограбена за 720 илјади евра, откако институциите не ја побараа за истрагата „Рекет“

Планирам да пријавам дека сум ограбена, ова во краткиот телефонски разговор за Телма го рече скопската пензионерка Лилјана Тодоровска на чија сметка пристигнале 720 илјади евра од ГП Пелистер на Силјан Мицевски, а веднаш по вадењето на пари од банка, кесата со евра и е земена од претставници на Меѓународниот сојуз Скопје на Боки 13.

Иако Тодоровска уште во четвртокот преку Телма објави дека парите и се земени и украдени освен неколку илјади евра за кредит на банката, до денеска ниту една надлежна институција не ја побарала за распит. Не ја контактирал ниту некој од меѓуанродниопт сојуз Скопје иако таа ги посочи дека и ги зеле парите веднаш по подигањето во банка.

Поради тоа пензионерката која добила 720 илјади евра за идејата за центри за возрасни лица денеска ни изјави дека ќе пријави грабеж или во полиција или во обвинителството. Од обвинителството не ни одговорија директно дали парите и изјавата на Тодоровски ќе станат дел од истрагата за Рекетот.

Повеќе на Телма.мк

На почеток