Актуелно

Кирацовски не можел да претпостави што прави Боки 13

Aктуелен е случајот „Рекет“. Како гледате на овој случај – тој разочара многу граѓани од аспект на нивната доверба во СЈО. Колку случајот Рекет фрли дамка врз законите за правна држава и владеење на правото кога постојат сомнежи дека корупцијата доаѓа од највисоки инстанци?

Кирацовски: Случајот „Рекет“ во најмала рака е шокантен, но за да така лесно се случува пред „очите“ на надлежните институции, сметам дека е олицетворение на рекет-културата којашто како лоша практика се создаде за време на (над)децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, нефункционалноста и разјаденоста на најважните институции во државата како и шпекулативното наместо истражувачко новинарство зачинето со лажни вести кои повеќе и штетат на истрагата отколку што и користат. Но, овој случај, во мошне значаен период доаѓа како тест за функционирањето на правосудниот систем, органите на прогон и владеењето на правото и правната држава, со чие решавање или ќе се загуби или ќе се зацврсти довербата на граѓаните. Јас сум убеден дека ќе бидеме сведоци на второто. На голем дел од јавноста им е чудно, а опозицијата е збуната што оваа власт, за разлика од претходната, не го штити криминалот, не ја гае корупцијата и не рекетира, туку ги лови криминалците, корумпираните и рекетарите, независно кои се. Сметам дека истрагата ќе стави крај на шпекулациите, озборувањата, претпоставките и предрасудите кои се развиваат тогаш кога не се делува. Кон СЈО не смее да се гледа низ призмата на поецинец, независно кој е (иако досега немаме официјална потврда за кого се работи), туку како кон институција во која сите првенствено имаме положено надеж, верба и државни ресурси, нешто во кое сум убеден дека малкумина се подготвени да потфрлат.

Повеќе прочитајте на Фактор.мк

 

На почеток