Македонија

Судот вчера го замрзнал целиот имот на ВМРО ДПМНЕ

Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ на барање на Специјалното јавно обвинителство во рамките на предметот „Талир“, официјално соопшти  СЈО.

Со одлуката на судот, замрзнати се вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата и се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот, а од  СЈО велат дека поднеле вакво барање бидејќи сметаат дека постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката.

„По барање на ова Јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата. Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се преземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката“, се вели во соопштението на СЈО.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top