Актуелно

Најчевска за „Рекет“: На Камчев мора да му бидат одземени сите пари до денар

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи ги искоментира последните случувања поврзани со СЈО, случајот „Рекет“ како и пуштањето од притвор на Орце Камчев. Таа смета дека Мијалков треба да биде зад решетки, Камчев без пари, а Керим исто така во затвор.

„Прво, Мијалков мора да заврши во затвор и тоа над 10 години со цел на ниту еден функционер во МВР на таа позиција да не се реши така лесно да се впушти во криминал. Второ, на Камчев мора да му бидат одземени сите пари до денар, но треба и да се види како тоа на времето и со чија помош меѓу јавните обвинители и судиите, не била поведена постапка против него. Трето, она ѓубренце кое се прави светски човек па дури се проби и во ООН Срѓан Керим, а кое е обично хоштаплерче, дефинитивно треба да заврши во затвор“, пишува Најчевска.

На почеток