Актуелно

Јоци: Боки ја стави мајка му на манџа, а Катица е најслаба карика

Српскиот весник „Курир“ во денешното издание објави, како што пишува, ексклузивни детали за случајот „Рекет“, каде осомничени се Зоки Кичеец и Боки 13. Како што пишува весникот, Боки 13 во полиција изјавил „Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка“.

На ова со реакција се јави новинарката и политиколог Јорданка Ивановска-Јоци.

„Многу е пренајјако што Боки порачува преку српски таблоиди дека доказите биле кај мајка му, док скапува во Шутка, ја стави и мајка му во манџа, а сињора се лади на море и пушта соопштенија како врбувала соработници. Преку спикерфон врбувала, ко да не слушаме што збори. Маци, ваљда доказите требаше досега да ги предадеш негде. Ваљда ти се олади главата досега. Пошто си најслаба карика. Што би рекла хрватицана Даниела – ,,Вашето време истече”“, пишува Јоци.

На почеток