Актуелно

Тортевски: Со вакви индиции, не знам како Јанева слободно шета

Коментирајќи ги новите аудио снимки кои утринава ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, адвокатот Александар Тортевски за „360 Степени“ саркастично вели дека сега потребен ни е ново СЈО кое ќе ја гони Катица Јанева.

„Зборувам саркастично. Ова е апсурд. Сега треба Специјално јавно обвинителство што ќе ги истражи кривичните дела што потекнуваат од содржината на разговорите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева“, вели Тортевски.

Обвинителството за организиран криминал вчера соопшти дека снимките што ги објавува „Ла Верита“ се дел од доказниот материјал кои и тие го поседуваат, а им го предал сведокот и оштетен во „Рекет“ – Јордан Камчев.

„Со вакви индиции, особено што и Обвинителството ги поседувало снимкиве, Катица Јанева не смееше да патува во странство. Особено што ако се слушне што се разговара во снимките, ќе се утврди дека дел од договореното се поклопува со мерките кои ги преземаше СЈО, како враќање на пасош, пуштање од притвор и слично“, вели Тортевски.

 

Текстот во целост на: 360stepeni.mk

На почеток