Македонија

Се брише дел од одлуката на АСНОМ, се додава Охридскиот рамковен договор во Уставот

По двете средби на независната парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со премиерот Зоран Заев, Владата соопшти дека барањата ќе бидат вметнати во нацрт-амандмани што произлегуваат од договорот во Преспа. Заев на прес-конференција се осврна на измените. Тој посочи дека Охридскиот рамковен договор ќе биде дел од преамбулата на Уставот, а пак, дел од АСНОМ се брише.

„Охридскиот рамковен договор е целосно вграден. Пратениците на Алијанса на Албанците и БЕСА го имаат своето право и имам целосно разбирање. Нивните барања се суштествени измени. Сфативме дека е легитимно право и не значи дека треба веднаш да биде затворено прашањето. Јас можам да дадам позитивен однос на ова“, рече Заев

Во делот на АСНОМ, како што посочи премиерот, останува прогласот, а се менува одлуката бидејќи содржи ‘Македонци од Бугарија и Грција обединете се’.

Говорејќи за нацрт-амандманите, Заев рече дека првиот дел се однесува на потврдата на македонскиот идентитет, а членот 7 го гарантира македонскиот јазик. Вториот дел е за стапувањето во сила, а тоа ќе биде откако Грција ќе го ратификува договорот и ќе го поддржи членството на Македонија во во НАТО. Третиот е за менување на името, а тоа ќе биде сукцесивно, односно, ќе го почитува рокот за граѓаните да не мора веднаш да менуваат документи, односно да вадат кога ќе им истечат постоечките.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток