Македонија

Рамковниот договор се протнува во Уставот, иако не е дел од договорот со Грција

Иако Охридскиот рамковен договор како процес кој се одвива во Република Македонија од 2001 година по вооружениот конфликт, не е дел од преговарачкиот процес со Грција и не е дел од пакетот обврски, Владата реши да го вметне во Преамбулата на Уставот на РМ, пишува АКО.мк.

Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, а по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.

Заев рече дека  кога веќе се вршат измени на Уставот, редот е, како конститутивен елемент на Република Македонија, во Преамбулата да биде впишан и Охридскиот Рамковен договор бидејќи тој веќе е дел од Уставот на Република Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање, пак, за замена на одлуките на АСНОМ, премиерот Заев истакна дека наместо Манифестот на АСНОМ, се предлага во преамбулата да се внесе Прогласот од Првото заседание на АСНОМ, кој зборува за единство, за слобода, за човековите права на граѓаните во државата.

Еве како изгледаше досега Преамбулата:

,,Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската република и историските одлуки на АСНОМ и уставно правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Југославија, од слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година,(тука се вметнува Охридскиот рамковен договор), како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија, а
со цел:
– Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава;
– да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта;
– да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност;
– да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и
– да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот“.

А еве што ќе биде заменето и вметнато:

Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.

Ова е целата прес конференција на премиерот Зоран Заев:

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток