Актуелно

По Охрид и Струга воведе мораториум за градби

Струшките советници на денешната седница го донесоа Aкцискиот план за преземање активности со кои ќе се исполнат условите за зачувување на статусот на заштитено природно и културно наследство од УНЕСКО на регионот околу Охридското Езеро.

Дел од советниците се скептици тие велат дека планот има само декларативна природа и дека воопшто нема да се спроведе. Спротивни се ставовите на општината и советниците за бројот на дивоградби во општината. Општина Струга тврди дека мал е бројот на дивоградби, а советниците пак велат дека градежната инспекција има донесено илјадници решенија за отстранување на бесправно изградените објекти.

Советниците дадоа зелено светло и за рушење на дивоградбите и за отстранување на депонијата, но и за контрола врз појасот со трски.

Струшкото крајбрежје е една од многуте забелешки на УНЕСКО поготово изминатата пролет кога секој ден гореа цели појаси за трска за која екологистите и јавноста обвинуваше дека намерно се пали за да градат нелегално хотели.

На почеток