Актуелно

И Македонија доби апликација за запознавање – MChat

МЧет е мобилна апликација што вклучува локација на корисниците, на кои им излегува колку сте оддалечени со вклучен Location кога се допишувате. Се разбира, точната локација на корисниците никогаш не се открива поради приватноста на личните податоци.

Корисниците на МЧет имаат можност да прегледуваат профили на други корисници на апликацијата, да ставаат лајк односно дислајк, а доколку двајца корисници взаемно стиснат лајк следи совпаѓање и можност за контактирање со испраќање на пораки кои што се интегрирани во мобилната апликација.

Дополнително корисниците можат да ги следат најновите објави од нивните пријатели, да коментираат на истите, а можат и да прегледуваат актуелни новости од забавен карактер.

Користењето на МЧет е бесплатно, со опција за пристап до привилигирани функции за само 1.49 долари на месец. Апликацијата работи на Android и IOS уреди, а може да се преземе преку: Google Play (Android) и App Store (iOS)

На почеток