пон. Авг 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Србија и се налути на Македонија откако судот го ослободи Морина

Официјален Белград реагираше на одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија со која се потврдува решението на првостепениот суд во кое е утврдено дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина во Република Србија и му се укинува мерката притвор.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека Северна Македонија со одлуката дека нема услови за екстрадиција на Томор Морина на Србија ја поткопала суштината на меѓународното право.

– Не може да постои оправдување за тоа некој, кој е осомничен за воени злосторства против човештвото, да биде пуштен на слобода, наместо да одговара за смртта на многу недолжни луѓе, изјави Стефановиќ.

Според Стефановиќ меѓународната потерница за Морина останува на сила и со оглед на фактот дека воените злосторства не застаруваат, очекува Морина кога тогаш да одговара за своите дела.

Српската министерка за правда, Нела Кубуровиќ денеска порача дека со одлуката на Врховниот суд на Северна Македонија дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина се покажало дека политиката е над правдата.

Close