Некатегоризирани

Уште една жалба го дели Груевски од затвор

Судијата за извршување на санкции не ја прифати молбата на екс премиерот Груевски, сега пратеник, за одложување на одењето в затвор, соопшти кривичниот суд.

Решението за одбивање на пролонгирањето на издржувањето затворска казна од две години, по правосилната пресуда во случајот „Тенк“, му е испратено на Груевски кој има право на жалба на таа одлука во рок од три дена.

Ако се жали Груевски, Кривичниот совет има рок од три дена да донесе одлука, а во случајот да го потврди решението на судијата за извршување на санкцијата, екс премиерот треба да се јави во затвор најдоцна до 8 ноември .

Според неофицијални информации, Груевски во молбата барал одложување на заминувањето во затвор поради обврските кои ги има во Собранието како пратеник во врска со измените на Уставот и за да го заврши пишувањето на книгата врз основа на докторатот кој летово го одбранил.

Адвокатите на Груевски претходно до Врховниот суд поднеле барање за преиспитување на одлуката за казната затвор од две години и за одложување на извршувањето казна додека не се одлучи по таа жалба.

Груевски, кој правосилно е осуен на две години затвор поради незаконско купување на луксузниот мерцедес во 2012 година во времето додека беше премиер, на 26-ти октомври доби повик до 8 ноември да се јави на издржување казна во скопскиот затвор во Шуто Оризари.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток