Македонија

Американската амбасадорка во посета на Охрид

Амбасадорката на Соединетите американски држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз, денес, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

На средбата се разговараше за добрата меѓусебна соработка, како и за идните планови со кои ќе се продлабочи соработката. Градоначалникот Георгиески, изрази благодарност до амбасадорката за поддршката што низ годините американската амбасада ја дава на општина Охрид во секоја сфера.

Заеднички беше потенцирано, дека во иднина ќе се стави акцент на унапредувањето на соработката во областа на туризмот, негувањето и развивањето на културните врски и поддршка во областа на образованието.

Инаку, ова е прва официјална средба помеѓу амбасадорката, Кејт Мери Брнс и градоначалникот Константин Георгиески.

На почеток