Видео и Фото

ВИДЕО: Пол ван Дајк настапи во Аеродром

Музичарот Пол ван Дајк вчера настапи во паркот „Авионче“ покрај кејот на Вардар во Општина Аеродром. Неговиот настап следуваше по настапите на неколку познати македонски диџеи. При крај на концертот ќе имаше и огномет.

Општина Аеродром е дел од светската турнеја „Music Rescues Me“ на Пол ван Дајк, во чии рамки тој го промовира својот нов албум.

Греми номинираниот Пол ван Дајк два пати е прогласен за број 1 диџеј во светот според реномираното списание „DJ Mag“, нешто што досега само неколку диџеи успеале да го постигнат во својата кариера. Тој е дел од фестивалот „BACK 2 school WEEK“ што девет дена се одржуваше низ парковите во Општина Аеродром, каде настапуваат голем број музички имиња, бендови и диџеи.

На почеток