„Ова е само почеток и можеби е повеќе симболична отколку суштинска промена. Требаше да биде порадикално затоа што потегот е сосем оправдан. Јас би ги охрабрил да одат со похрабри мерки, вели поранешниот гувернер и министер за финансии Петар Гошев за Фактор коментирајќи ја послената најавена даночна реформа.
Гошев го поддржува напуштањето на рамниот данок и посочува дека во Македонија е потребна редистрибуција на дохдот од луѓето кои имаат неспоредливо повеќе од просечниот граѓанин, а уште повеќе од тие кои се наоѓаат најдолу на пирамидата.