Македонија

На Фејсбук се организира протест за поддршка на Груевски

На Фејсбук во изминатите денови се организира протест на кој се повикуваат сите граѓани на Република Македонија за правда за поранешниот премиер Никола Груевски. Протестот е закажан за утре (среда, 07.11.2018) со почеток во 19 часот пред зградата на Основниот суд Скопје 1.

„Почитувани граѓани,
Членови на ВМРО-ДПМНЕ,
Македонци и Македонки,
Браќа и сестри,
Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски.
За таа цел се повикуваат сите граѓани на Република Македонија на ден 07.11.2018 година (среда) со почеток во 19 часот на МИРЕН ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ЗА ПРАВДА ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ пред зградата на Основниот суд Скопје 1!
Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!“, стои на Фејсбук.

Никола Груевски треба на 8 ноември да се јави на издржување на казната затвор од две години, за предметот „Тенк“ на СЈО.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток