Република Македонија прославува 28 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.
Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8 септември 1991 г.
Токму на 8 ми септември 1991 година 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?
Според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле “за” самостојна и суверена Македонија.
На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.
Македонците самите резултати ги прифатиле со голем оптимизам и еуфорија.
https://vimeo.com/181848498