Македонија

Жената која Наум Петрески повика да се убие, побара тој да се извини или таа ќе тужи

Јаци Луна, личноста која беше јавно атакувана од пејачот Наум Петрески, побара тој за се извини за упатените закани за одземање на нејзиниот живот. Луна за “Скопје 1” вели дека бара Петрески да и се извини лично, во спротивно, таа ќе покрене тужба пред органите на прогонот.

Петрески на социјалните мрежи напиша “Да се убијат таквите како тебе Јаци Луна, можеби ќе се добие нешто повеќе за напредокот на државата”.

Преписката се однесувала по кратка дебата на социјалните мрежи поврзана со бездомните кучиња. Целата преписка, пред заканата започна со коментар од Петрески кој напиша “Ова е знак да се почне со стара техника а тоа е ловечка хајка и чистење на сите кучиња скитници на цела територија на државата. Или да ги испратиме гомнојадците од Анима Мунди да се справат со нив бидејќи се најстручни“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток