Веќе неколку дена гори пожар во шушата во близина на границата со Албанија и претставува опасност да се запалат и куќите во околните села. Пожарот од шумата Дримкол стигнал до селото Луково.
До овој момент иако е пријавено, никој не преземал ништо за гаснење на пожарот, велат жителите. Таму нема пристигнато ниту противпожарни бригади, додаваат тие.
Огнот го гаснат селаните кои сами се мобилизираат. Селото е населено прежно со постари лица.