Македонија

Владата бара одложување на објавувањето на извештајот на Венецијанската комисија до декември

По објавувањето на првичните неофицијални забелешки на Венециската комисија за Законот за употреба на јазиците, македонската Влада побара одложување на објавувањето на извештајот до декември.

Премиерот изјави дека власта има потреба да подготви контрааргументи за критиките за потенцијалните пречки за спроведување на овој закон во судството.

Инаку, според документ што го поседува „Плусинфо“, драфтираните заклучоци на Венецијанската комисија се силна критика за Законот за јазиците и тие, на некој начин, препорачуваат детално да се простудираат причините поради кои е сменет законот од 2008 година и причините за недостатоците во спроведувањето на тој закон. На 17 декември ќе биде познато дали оваа верзија на заклучоците на Венецијанската комисија ќе се официјализира и што тоа ќе значи за иднината на овој закон, пишува „Плусинфо.мк

– Многу одредби од Законот за јазици (од 2018 година) ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици. Ова во принцип е за пофалба. Венецијанската комисија ја поздравува подготвеноста на властите на Северна Македонија за подобрување на јазичната состојба на немнозинските заедници. Како и да е, според мислењето на Венецијанската комисија, во одредени области законот оди премногу далеку, наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции. Ова е особено случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена 

Ова се дел од оценките во нацртот на Заклучоците на Венеицијанската комисија, што официјално ќе се објават на 17 октомври, а што ги објавува „Плусинфо“.

Нацртот е подготвен на 27 септември годинава и Плусинфо поседува копија од тој документ.

На почеток