саб. Окт 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Георгиески се сретна со учесниците на работилницата за лица на високи позиции, посветена на хибридните закани во Југоисточна Европа

Градоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари средба со учесниците  и организатори на работилницата за лица на високи позиции, меѓу кои беа Емил Шипочки и Иван Хостинк од канцеларијата за врски на НАТО со Република Северна Македониа, проф. д-р Неџад Корајлиќ, декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии во Сараево, Босна и Херцеговина и проф. д-р Михајло Дојчиноски од воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Работилницата е посветена на хибридните закани во Југоисточна Европа.

На средбата беа дискутирани темите кои се опфатени со работилницата кои се однесуваат на заканите што влијаат врз политичките, територијалните и економските аспекти на една земја, преку разни информации, дезинформации, неинформирањето и медиумите традиционалните и социјалните.

Работилницата се одржува во Охрид, од 06-12 октомври како месец посветен на  борбата против сајбер – криминалот, а учество имаат земено 70 претставници од 20 држави.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close