Македонија

Русковска: Имаше интерес кај некои од осмничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба

Обвинителката Вилма Русковска вечерва изјави дека еден од осомничените во случајот „Рекет“ побарал спогодба со Обвинителството.

-Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осмничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде. Еден осомничен побара спогодба за обвинението кое ќе биде поднесено утре, рече Русковска.

За пратеничката Фросина Ременски, како и за другите осомничени во проширената истрага од  „Рекет“, Рускосвска рече дека се барани само мерки за претпазливост. Тоа значи одземање на пасош, забрана за напуштање на престојувалиште, и еднаш неделно да се јавуваат во судот.

Обвинителката најави дека другите осомничени утре ќе дојдат да дадат исказ во судот.

На почеток