Магазин

Се уредува патеката од „Саат Кула“ до „Горна Порта“

Деновиве интензивно се одвиваат градежни активности од првата фаза на проектот за уредување на патеката што води од „Саат кула“ до „Горна Порта“ во стариот дел на градот.

Проектот предвидува тампонирање, бетонирање и поплочување на постојната земјена патека, како и соодветно осветлување и хортикултурно уредување.

Вкупната вредност на проектот е 3 милиони денари и истиот е финансиран од Центарот за развој на Југозападен плански регион. Градежните работи ги изведува ДООЕЛ „Тане 2007“ од Охрид.

На почеток