Македонија

Андонов: Груевски е осуден без докази

Ексфункционерот од ВМРО-ДПМНЕ Оливер Андонов беше дел од протестот за правда на поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.

„Треба да се запрашаме во кое општество живееме. Кога на еден монтиран политички процес се осудува поранешен премиер на држава, кој нема ефективно сторено никакво кривично дело ниту видовме доказ со кој е оштетен буџетот или државата на било каков начин. Треба да се запрашаме како владее СДСМ. Тие сакаат да ги покријат своите постапки, погрешно владеење и однесувањето кон целокупната македонска држава. Многу е јасна работата во целост“, изјави Андонов

Според него јасна е пораката која македонскиот народ ја испрати преку референдумот на 30 септември, дека не се согласуваат со политиките на оваа власт.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток