„Вечерва самоиницијативно, како почитувачи на ликот на пораешниот претседател Никола Груевски и се собравме пред зградата на Основниот суд Скопје 1 да упатиме неколку пораки“, изјави Александар Трајковски.
Според него ова е политички прогон. Она што е смешно во целата ситуација е тоа што главниот доказ, Мерцедесот е се уште во Владата на Република Македонија и секојдневно се користи за секакви потреби како што и се портребни на државата.
„СЈО има за цел да работи на уништување на политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ. Сите обвиненија се базирани на незаконски начин, и истите не можат да претставуваат доказ во судска постапка“, рече тој.
Тој ги рече дека на ги охрабруваат судиите во овој суд да работат согласно законите на Република Македонија, и упати барање до кривичниот совет да го разгледа барањето за одложување на казната на Груевски иситото да го прифати.
„Го повикуваме престедателот на Република Македонија, кој е единственитот политичар кој има кредибилитет да го прекине овој политички прогон. Ние како граѓани, упатуваме поддршка до претседателот да ги застапува македонските национални интереси.
Исто така тој упати поддршка до Груевски, Ние како грагани сме благодарни за се она што го направи Никола Груевски додека беше престедател во Владата. Неговата борба за правда станува и наша борба за правда. Она што му се случуива на него денес, може да сe случи на секој од нас. Македонискот нерод нема да го заборави она што тој го направи изминатите 10 години“, изјави Трајковски.