Протестот закажан пред куќата на пратеникот Крсто Мукоски се уште не е започнат.
Како што најавија организаторите, најверојатно ќе почне подоцна, бидејки автобусот на протестантите доцни.
„Таму некаде по кафаните се нашите луѓе, нив ги организира Филип Петровски, и сигурно нешто ги има спречено, затоа доцнат. Во најскоро можно време ќе тргнат“, изјави за Скопје 1 претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.
„Автобусот доаѓа и сега е на раскрсницата каде што се дели патот за Охрид и за половина час ќе биде таму. Нашите луѓе се таму, ќе се собираат на сред село, по што ќе се симнеме до куќата на Муковски“, рече Филип Петровски.