Македонија

Ќе има ли промени во химната?

По ниеден основ нема да се чепка државната химна, ниту ќе се вршат интервенции во нејзиниот текст.

„АСНОМ останува во преамбулата на Уставот, и наместо еднаш ќе биде спомнат двапати. Останува Прогласот на АСНОМ со сите донесени одлуки“, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

Тој вели дека се неточни информациите што се шират по социјалните мрежи.

Бошњаковски нагласи дека во однос на амандманот 35, измените кои ќе бидат направени во член 3 се гаранција дека границите на Република Македонија се трајни и непроменливи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток