Македонија

Георгиески: Во НП Галичица има 29 нелегално изградени објекти кои не може да се легализираат

Според извршената евиденција на општина Охрид на реонот на Галичица има околу 29 нелегално изградени објекти кои се наоѓаат во заштитен појас, во зоната од 50 метри од езерото и кои по никој основ не може да се легализираат, вели градоначалникот Константин Георгиески.

Тој додава дека ќе се  направат контролни записници  според кои ќе се види дали сопствениците постапиле или не.

-Ако не постапиле, ние ќе се водиме според нашите законски обврски и како општина ќе преземеме активности за отстранување, рече Георгиески.

Инаку Охрид1 денеска објави снимка на која се гледа дека нешто се гради во реонот на Галичица, во близина на Трјпејчо поле, заштитено подрачје. Дали и овој објект е влезен во евиденцијата на локалната или станува збор за нова градба останува да видиме.

На почеток