Свет

“Никој не ни може ништо”: Кина со остра порака до Америка

Ако администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп продолжи да се држи до своите унилатерални и протекционистички ставови и одбива да ги почитува фундаменталните норми на двострано почитување и советување, ќе биде тешко двете страни да напредуваат во било кои идни трговски преговори, се истакнува во статијата, со напомена дека Кина останала искрена во своите напори за договор за правична трговија, за разлика од американското “трговско насилство”.

“China Daily” тврди дека американските обвиненија дека Кина е вмешана во “кражба” на принуден трансфер на интелектуална сопственост и други неправедни трговски пракси, може да се демантираат со долготрајниот консензус меѓу двете земји. Ако американските мерки против Кина навистина се средство за преговори, САД може да откријат дека понатамошното ангажирање ќе биде уште потешко, ако не е и сосема невозможно”, се истакнува во статијата.

“Global Times”, таблоид на кинеската Комунистичка партија, ги повикал Американците да ја препознаат кинеската сила во трговскиот спор. “Кина го прави тоа што треба. Кина е искрена и има принципи и е главна трговска сила која поседува голема моќ. Никој не ни може ништо”, навел овој весник.

Оваа реакција уследила по последната рунда двострано наметнување на тарифите на американска и кинеска роба, која стапила на сила во понеделникот и ги зголемила тензиите меѓу најголемите две светски економии, потсетува CNBC.

САД пресметале тарифи од 10 проценти на 200 милијаради долари кинески производи, со камата која до крајот на годината ќе се зголеми на 25 проценти. Кинеската влада возвратила со такса на 5.207 американски производи во вредност од околу 60 милиони долари. Пред тарифите да стапат на сила во понеделник, САД и Кина веќе применувале такса на роба во вредност од 50 милиони долари.

Ако САД го користат трговскиот притисок како преговарачка тактика против Кина, тоа ќе ја загрози економијата на двете земји и последиците веројатно ќе се прелијат на глобалната економија. Американските унилатерални трговски потези не само што ги оштетија нормалните кинеско-американски трговски активности, туку можат и да го забават светскиот економски раст.

На почеток