Македонија

ФОТО: Тодоров разговарал со Хан за перспективите на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

„Утрово остварив средба со Евро Комесарот Г-динот Јоханес Хан, на која разговаравме за евро-перспективите на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ и за заканите и притисоците со кои се соочуваат сите оние кои мислат поинаку од актуелното раководство на партијата. Од двете страни беше изразена силна подршка за евро-интегративните процеси на Македонија и потребата од имплементација на реформите неопходни за интеграција на Македонија во ЕУ.

Беше истакната и неопходноста од демократизација на партијата преку измена на статутот на партијата со цел ВМРО ДПМНЕ да продолжи да дејствува како европска, модерна центар-десна партија.

Од страна на Евро-Комесарот беше потенцирано дека заканите и притисоците мора да запрат, и беше изразена јасна подршка за одлучните и храбри чекори кои се во правец на интеграција на Македонија во Европската Унија“, напиша ексминистерот за здравство, Никола Тодоров.

Утрово остварив средба со Евро Комесарот Г-динот Јоханес Хан, на која разговаравме за евро-перспективите на Македонија и…

Posted by Никола Тодоров on Thursday, November 8, 2018

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток