Обвинители од Специјалното јавно обвинителство утринава во 6 часот влегле во сите фирми на бизнисменот Орце Камчев !
Информацијата предмалку за Скопје1.мк ја потврдија и од СЈО.
Според првите информации СЈО од 6 часот утрово врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ и во други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба.
Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР, велат неофицијално од СЈО, но не кажуваат за какви сомневања станува збор, односно какви кривични дела истражуваат со инспекторите од организиран криминал од МВР.
Нема информации во моментов додека трае претресот ни дали се врши заплена, а ни дали е некој уапсен.
