Македонија

Стоилковски: „Зошто сега се отфрлаат тие 25 проценти и се прифаќаат сукцесивно само првично по 10 проценти зголемување треба да одговори власта која што е во заминување“

Очигледно денеска гледаме една режирана претстава и политичко замешалство на власта во заминување.Денеска средбата која требаше да се случи помеѓу претставници на СОНК и претседателот Јаким Неделков со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, и која што беше потврдена од самиот претседател на СОНК по средбата со министрите од власта еднострано беше откажана, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува до самиот договор, претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ склучи колективен договор со кој што се предвидуваше динамично зголемување на платите од 25 проценти. Оваа влада е три години на власт и немаше никакво зголемување, а се што требаше да се направи е да се почитува договореното од страна на министерството за образование кое повеќекратно го прекршува тој колективен договор. Зошто сега се отфрлаат тие 25 проценти и се прифаќаат сукцесивно само првично по 10 проценти зголемување треба да одговори власта која што е во заминување.

Да бидеме јасни и недвосмислени, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува секое зголемување на платите на работниците кое што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува премиерот во заминување Заев на одговорен пристап со оглед на фактот што на оваа влада и преостануваат само уште неколку месеци од нејзиното катастрофално владеење, особено имајќи го во предвид фактот што е веќе докажано дека Заев може да ветува се, а знаеме дека реализацијата на тие ветувања е еднаква на нула. Како и за се друго неговиот збор нема вредност, затоа што овој човек не се држи до својот договор, и дека по изборите друг ќе треба да ги обезбеди тие средства.

Напоменуваме дека ние ќе го дадеме максимумот за да им помогнеме на работниците затоа што тие заслужуваат многу повеќе.

ВМРО-ДПМНЕ поддржува синдикално движење без политички обланди кое ќе се залага искрено и за правата на работниците, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток