Актуелно

Улица во Србија ќе го носи името Тоше Проески

Еден од најдобрите пејачи на југословенските простори, како што пишува Политика, македонската музичка икона, Тоше Проески, ќе биде овековечен во банатското село Јабука. Во ова село живеат голем број жители со македонско потекло. Тоа е првата улица во Србија која ќе се вика по Тоше.

Предлогот улицата да го носи името на Тоше упатен е до општината Панчево која наскоро треба да го усвои.

фото: Архива

На почеток