Најмалку 23 лица се извлечени од под урнатините на една зграда во Драч, а помеѓу нив е и едно дете. Сите тие се хоспитализирани во најблиската болница. Во меѓувреме, гинекологот Аника Докле изјави дека 20 минути по силниот земјотрес што ја погоди Албанија, родени се близначки.
– Јас и моите пријатели овој пат повторно сме во породилиште. Близначките се родени 20 минути по земјотресот. Ова е најдобар симбол на континуитетот на животот. Немам зборови!, напиша Докле на Фејсбук, без да прецизира каде се родени близначките.
The most powerful earthquake to hit Albania in decades rocked capital Tirana and the surrounding region, causing several buildings to collapse and burying residents in the rubble. More here: https://t.co/jXsANHBNY8 pic.twitter.com/pPtG4N8ivb
— Reuters (@Reuters) November 26, 2019
Во силниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала кој рано утрово ја погоди Албанија, загинаа најмалку девет лица, а повредени се повеќе од 300 луѓе.
Албанија потоа ја погодија и повеќе последователни потреси.