Актуелно

Бронза и злато за момче со Даунов синдром од Скопје

Ники мајстореее – се ореше од трибинте на базенот „Спартак во Софија“ кога Никола Стојановски, момче со Даунов синдром од Скопје ги финишираше трките во 25 метри краул и грбно. Како и секогаш, најголемата поддршка му беа неговите другари со Даунов синдром од Скопје, кои беа најгласни и со кои со години заеднички тренираат, објави Женски магазин.

Ники (15) се закити со златен медал на 25 метри краул и со бронзен медал на 25 метри грбно на Мeѓународниот турнир по адаптивно пливање во организација на фондацијата „Воден пат“ од Софија на кој  учествуваа 85 деца со интелектуална и физичка  попреченост од Бугарија, Србија и од Македонија.

Радоста беше огромна, иако ова не му се први меѓународни награди на Никола кој со пливање активно се занимава три години.

Текстот во целост на: Женски магазин

На почеток