Актуелно

ВИДЕО: Дете поради ќотек од родителите, останало без нозе

Паула Хаџел (52) , мајка на осум деца и нејзиниот сопруг Марк го посвоија петгодишниот Тони , кој уште како бебе бил толку многу тепан , што докторите морале да му ги ампутираат двете нозе.

И двајцата родители сега се во затвор на издржување казна од десет години. Но, Паула и Марк не се задоволни од ова, тие водат кампања за построги казни во Велика Британија за злоупотреба на деца и веќе го претставија таканаречениот „Закон за Тони“ во парламентот, пренесува Скај њуз.

„Во 2015 година, социјален работник ме праша дали ќе може да посетам четиримесечно бебе во болница со скршени екстремитети. Мислев: „Тоа не е проблем, фрактурите се лекуваат“. Кога дојдов во болница и го видов тоа мало бебе, медицинската сестра ми ја покажа неговата медицинска историја и ми рече дека ќе му треба доживотна нега “, рече таа.

„Таа ми кажа дека во текот на  период од пет недели, на детето му биле скршени сите екстремитети, дека му се дислоцирани глуждовите и прстите, дека има повеќе скршеници и дека десет дена не добил лекарска помош“, додаде таа.

„Тој добил сепса, неговите внатрешни органи почнале да пропаѓаат и тој завршил на интензивна нега. Ако лекарите не работеа толку напорно, тој немаше да преживее. Го одведовме дома. За една недела почна да се смее “, изјави Паула.

Хаџгел објасни дека е незадоволна од казната што ја добиле неговите биолошки родители, и затоа започнала да ја промовира идејата за зголемување на казната во случај на злоупотреба на деца.

Рече дека таа и нејзиниот сопруг отишле во парламентот оваа година, каде нивниот пратеник доставил 12.000 потписи за кампањата во која се повикува на построги казни.

„Досега се сретнавме со различни адвокати, со канцеларијата на окружниот правобранител. Немаме намера да се откажеме. “, рече таа.

На почеток