Властите во кинеската провинција Сечуан уапсија маж кој ја напуштил Австралија и заминал за Кина еден ден пред да биде најдено телото на неговата сопруга во замрзнувач во неговиот стан.
36-годишниот маж отпатувал во Кина со своите два сина на 4 и 6 години, во вторникот. Помалку од 24 часа подоцна, во средата наутро, полицијата го пронашла женското тело во замрзнувач во нивниот стан во предградие на Сиднеј.
Homicide detectives say a man accused of killing his wife in their Sydney home may have fled to China with their two children. The woman's body was found inside a chest freezer at their Pymble home. https://t.co/Ln1BHpE81h @samanthabrett #7NEWS pic.twitter.com/gLONUoTbmq
— 7NEWS Australia (@7NewsAustralia) November 28, 2019
Полицијата на Нов Јужен Велс официјално не ја идентификувала мртвата жена, но соработник на Си-Ен-Ен изјави дека е со кинеско потекло во доцните 30-ти години, за која се верува дека е сопруга на притворениот маж.
Медиумите јавуваат дека телото неколку дена било во замрзнувач.
Полицијата во денешното соопштение информира дека вчера добиле извештај од сосед кој бил загрижен за членовите на семејството и дека го пронашле телото на жената откако влегле во станот. Засега не е познато што ја предизвикало нејзината смрт.
Обдукцијата е во тек.