Голем број стари гратчиња во Италија веќе се натпреваруваат кој ќе продаде повеќе куќи за само 1 евро.
Последно такво одредиште е гратчето Бивона на Сицилија, каде на сите заинтересирани им се нудат даночни олеснувања за сите кои сакаат да купат куќи . Причината за продажбата за цена пониска отколку за едно еспресо , е да се спречи целосното изумирање на овие места.
Како и другите мали градови и села во Италија кои не нудат скоро ништо, Бивона е напуштена од младите луѓе во потрага по подобар живот и можност во поголемите градови.
„Во последните 40 години, нашето население се преполови, сега имаме само 3800 жители“, рече Ангела Канизаро, консултант за култура во Бивона. Таа, исто така, рече дека планот е да се врати благосостојбата во градот , кој потекнува од 16 век.
„Ние сакаме да ја вратиме изгубената величественост на нашето најзначајно време во историјата, уште од ренесансата кога 8000 луѓе живееја во Бивона, а тоа беше процутот на феудалното војводство благословено од императорот Карло V“, рече Канизаро.
Како што е вообичаено во вакви аранжмани, се очекува купувачите да инвестираат во обновување и поправка на имотот. Даночните олеснувања во Бивона се наменети за купувачи кои сакаат да вложат и да живеат таму.
Главната причина за да се доселат, освен привлечноста на местото, е тоа што ќе биде многу поевтино и полесно да се живее на долг рок во Бивона, смета Анџела Канизаро.
Другите градови, вклучувајќи ги и сицилијанските заедници Мусомели и Камарата, бараат од домашните купувачи на куќи за 1 евро да платат и 5500 евра како аванс , а доколку новиот сопственик не започне со реновирање во рок од три години, парите му се враќаат.
Во Бивона се малку поблаги. Локалните власти бараат обврзница од 2750 евра и го продолжуваат периодот на задолжителна обнова на четири години.