Носачи на мртовечки ковчези е професија во изумирање во Германија, па празните места ги поплнуваат пензионери и студенти, додека никој не сака да ја работи оваа работа.
,,Нивниот недостиг сè уште не предизвикало одложување на погреб, изјави Кристијан Јагер, директор на Здружението на погребници на Северна Рајна-Вестфалија.
,,Порано беше вообичаено пријателите или роднините да ја преземаат оваа задача додека семејствата живееја близу.Сега се ангажираат пензионери или студенти кои сакаат да заработат екстра пари како носачи на ковчези, рече Јегер.
Постарите носачи, сепак, имаат свои проблеми, вели Мајкл Ваш од погребна компанија во Дортмунд. ,,Луѓето денес се многу потешки и, заедно со цвеќиња и ковчегот, шестмина носачи честопати треба да подигнат 200 килограми.”
Во Германија погребните компании не ангажираат свои носачи затоа што финансиски не им се испалтува.
Покрај тоа, бројот на полагање урни по кремирање значително се зголеми за околу 70 проценти, соопшти Федералната федерација на германски погребници. Во овие случаи, урната обично ја носи свештеник или член на семејството , поради недостиг на вработени носачи.