Просечната нето плата во најголемата европска економија, Германија е околу 1 890 евра месечно, покажува најновата статистика.
Според податоците на порталот „Баварска Меркур“, просечната бруто плата за вработените со полно работно време е 2 860 евра. Вработените со полно работно време, од 35 до 40 часа неделно, добиваат во просек околу 3 770 илјади евра.
Според порталот за статистика за статистика на Германија, платите на жените и мажите сè уште се различни.Во просек, мажите заработуваат 22 проценти повеќе од нивните колешки.
Мажите кои работат со полно работно време заработуваат просечно по 3 960 илјади евра месечно бруто плата, додека жените кои работат со полно работно време заработуваат 3 330 илјади евра.
Највисоки просечни плати има во Минхен, Штутгарт, Дизелдорф и Хамбург, а најниска во Дрезден, Лајпциг и Дуизбург.