Свет

(ВИДЕО) Во Русија автобус падна од мост во река, загинаа најмалку 15 лица

Најмалку 15 лица загинале, а 18 се повредени при превртување на автобус во регионот Трансбајкал, во рускиот далечен исток, соопштија локалните власти. Според информациите на локалните лекарски служби, шестмина повредени се хоспитализирани.

Во автобусот имало 43 луѓе.

Портпаролот на локалната полиција соопшти дека до несреќата дошло поради пукање на гума на автобусот.

 

https://twitter.com/duma_gos/status/1201055935168421888

На почеток