fbpx
чет. Авг 13th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Борба против дијабетесот: Основа во лечењето на секој заболен од шеќерна болест е правилниот начин на исхрана

Основа во лечењето на секој заболен од шеќерна болест е правилниот начин на исхрана, односно диетите. Исхраната мора да им обезбеди одреден внес на јаглено хидрати, белковини, масти како и витамини и минерали. Исхраната не треба да биде прекумерна, а количеството на масти треба да биде сведено на ниво кое му е неопходно на организмот. Исто така и храната богата со шеќери треба да биде сведена на минимум. Ова се препорачува за да не се зголеми нивото на шеќер во крвта по секој оброк. Чистиот шеќер кој го има во слатките пијалоци, предизвикува брз раст на количеството шеќер во крвта. Обилните оброци исто така ја зголемуваат количината на шеќер во крвта и затоа се препорачуваат помали и почести оброци.

Главна улога во исхраната имаат јаглено хидратите, односно храната богата со жито од цело зрно (овес, рж, јачмен, пченица, пченка, ориз, хелда). Компонентите во целото зрно жито го отежнуваат и забавуваат разложувањето на сложените јагленохидрати во шеќери и на тој начин се одржува ниско ниво на шеќер во организмот подолго време. Затоа се препорачува во текот на денот најголема количина од продуктите да бидат комплексни јагленохидрати односно најдобар избор се муслите.

Житариците се основна храна бидејќи се еден од главните извори на јагленихидрати во исхраната, што значи имаат висока енергетска вредност. Покрај тоа содржат и белковини, минерални соли и витамини. Хранливите состојки на житариците ги има во зрното (лушпата и никулците), додека во јадрото е најголемата количина на скроб.

Интегралните житарици (овесни, ржени, пченични, јачменови) претставуваат богат изор на природни шеќери и витамин, посебно од Б комплексот, витаминот Е како и растителни влакна кои ја подобруваат перисталтиката на цревата, го регулираат пореметениот метаболизам на масти и шеќери што се манифстира со пораст на холестеролот, триглицеридите и шеќерот во крвта. Снегулките од житарици можете да ги подготвите како еден многу лесен оброк кој ќе Ви даде свежина и сила. Можете да ги потопите со чај, сок или соино млеко. Од муслите Ви ги препорачуваме:

Тропикал мусли – оригинална мешавина на цереалии (овесни, ржени и пченични), 35% егзотично тропско овошје: ананас, папаја, манго, урма, банана, кокос и суво грозје и 5% семки од лен и сончоглед
Фит актив мусли – оригинална мешавина од житни снегулки (овесни, оризови и пченкрани), 25% овошје – суво грозје, слива и кајсија и 6% семки од сончоглед, лен и тиква.

Мусли Овошно – 70% житни снегулки и 30% овошје (суво грозје, јаболко, банана, смоква, урма, слива)
Мусли за појадок – 79% житни снегулки, 16% на суво овошје (банана и суво грозје) и 5% на семки од сончоглед и лен.

Овес – уште еден производ кој може да ви помогне во намалувањето на шеќерот. Овесот во интегрален облик како што се овесните снегулки при овој проблем помагаат бидејќи содржат бета глукани.

Соја – претставува најконцентриран растителен продукт кој во себе содржи протеини, витамини, минерали како и лецитин што е од посебна важност за работата на човековиот организам. Поради богатството на незаситени масни киселини го намалува нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) а го зголемува нивото на добриот холестерол (ХДЛ). Благодарение на малата количина на шеќери сојата и нејзините производи може да се употребуваат во случаи кога треба да се обезбедат доволно протеини со ограничено внесување на шеќери. Поради тоа сојата е одлична храна и за дијабетичари. Соини производи кои го имаат овој ефект се: соино зрно, соини трошки, шницли и топчиња, соино брашно, соини паштети и соино млеко во прав.

Диет џемови и компоти – подготвени според традиционален рецепт од специјално одбрани свежи плодови од домашно поднебје. Засладени се со фруктоза – овошен шеќер кој е природно присутен во овошјето. Традиционалниот начин на подготовка овозможува џемовите и компотите да ги задржат сите хранливи состојки присутни во плодот.

Растителен диет крем – растителен производ подготвен од соино млеко, соино брашно и соин протеин со извонреден вкус и арома на чоколаден крем. Засладен е со фруктоза – овошен шеќер кој му дава дополнителни нутритивни вредности.

Диабетхон – производ со ниска калорична вредност посебно погоден за дијабетичари. Во неговиот состав влегуваат екстракти од повеќе лековити билки ( коприва, шипка, нане и ајдучка трева) кои имаат благотворно дејство врз организмот, посебно врз зголемување на имунитетот, при општа слабост и исцрпеност. Препаратот можете да го конзумирате со чај или млеко, за засладување и подобрување на напитокот и тоа 3-4 лажички дневно.

Дополнително продукти кои го намалуваат шеќерот во крвта а кои треба да се вклучат во исхраната се Рж – житарка која содржи богата содржина на минерали (калиум, фосфор, железо, калциум, натриум, сулфур) и витамини од Б групата и витамин е. Токму поради тие причини посебно ја препорачуваме на болните од диабетес, артериосклероза, покачен крвен притисок и на сите кои имаат проблеми со циркулацијата на крвта.
Риба – присуството на омега 3 масни киселини може да ја подтикнат способноста на организмот да ја користи гликозата и така да спречи диабетес.

Лук – активните состојки во лукот (алицин и алил пропил дисулфид) го намалуваат шеќерот во крвта. Лукот делува на метаболизмот на гликозата во црниот дроб како и на лачење на инсулин.
Брокула – богата со хром кој може да помогне во регулирање на шеќерот во крвта. Намирници богати со хром се јаткасто овошје, печурки, интегрални житарици, пивски квасец, пченични снегулки.

Се препорачуваат 3 помали оброци и 3-4 лесни меѓуоброци секој ден за да се одржи вистинска рамнотежа меѓу глукозата и инсулинот во крвта.
Храната треба да има правилен распоред на составните материи односно да има стандарден распоред на трите основни материи: јагленохидрати, белковини и масти. Храната во најголем процент треба да биде составена од шеќери т.е јагленохидрати.

Јаглено хидратите кои бавно ја ослободуваат глукозата во крвта би требало да сочинуваат 50-60% од Вашето вкупно внесување калории. Треба да се обезбедат од овошјето и зеленчукот со избегнување на концентрирани шеќери. Тоа изнесува 2-3 грама на килограм телесна тежина. Конзумирајте различни прехрамбени артикли кои содржат јаглени хидрати.

Белковините 15-20% од дневнит внес. Се обезбедува од месо, млеко и млечни производи, јајца, риба и растителни извори: соја, мешунки (грав, грашок, боранија), печурки. Дневната потреба за протеини изнесува 0.8 – 1.5 грама на килограм телесна тежина.

Масти треба да се земаат од 20-30% од вкупната дневна количина на внесена храна. Предност треба да се даде на незаситените масти (растителни) во однос на заситените масти (животински). Незаситените масти треба да представуваат 2/3 од вкупниот внес на масти. Кај составување на дневното мени прво го пресметуваме внесот на јаглено хидратите и протеините а мастите на крај како остаток. Посебно ги препорачуваме ладно цедените масла (нерафинирани) а посебно маслото од сусам и маслиновото за зачинување на салати.

Најмногу внимание треба да им се посвети на лебот и лебните производи, оризот, компирот како и овошјето.
1 парче леб од околу 30гр се означува како 1 лебна единица. Тоа се 10-20гр јагленохидрати. Најчесто лебните единици се поистоветуваат со калориите. Калориите или калориската вредност на храната претставува енергија изразена во калории која се ослободува по земањето секоја храна, а лебните единици се јагленохидратите во храната.

Пр: 1 лебна единица содржи 1 праска, 1 чаша сок од овошје, половина банана. Ова е важно бидејќи со тоа сами ќе знаете да извршите замена на лебот со храна.
Нормално хрането лице што извршува нормална физичка активност дневно треба да внесе по 25 калории на кг телесна тежина.
Натхрането лице треба да внесе 18 калории на кг телесна тежина
Потхрането лице треба да внесе 30 калории на кг телесна тежина

Потребите од витамини се исти како и кај потполно здрави особи. Дополнителни количества на хром, цинк и витамини од Б групата дава одредена заштита на дијабетичарите од периферна нефропатија со намалување на чувството на умтвеност и трпнење во дланките и стапалата, храна богата со витамин Ц за да го надомести ниското ниво на инсулин во крвта кој дејствува врз клетките за да го апсорбираат витаминот Ц, храна богата со витамин Е може да го ограничи оштетувањето на системот на крвните садови.
Посебно се потенцира храна која што е богата со растителни влакна кои делумно се раствараат. Овие влакна во системот за варење делумно се раствараат и се претвараат во желе така да се продолжува времето на ресорпција на шеќерот и се спречуваат наглите скокови на шеќерот во крвта. Диетални влакна се неопходни во исхраната кај дијабетичари. Дневна препорачана доза е 30 грама.

Важен елемент во дневната програма на дијабетичарот се и телесните вежби. Телесните активности помагаат да се одржи нивото на шеќер во крвта во нормала. Го намалува производството на инсулин и ги потикнува клетките да земаат повеќе шеќер во крвотокот а со тоа мускулите можат да произведат повеќе енергија. Покрај тоа телесните активности ги зајакнуваат срцето и крвните садови, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. За да го спречите нападот на хипогликемија, треба да се внесуваат јаглено хидрати половина час пред да почнете да вежбате и погрижете се да имате нешто за јадење или пиење ако почнете да ги чувствувате симптомите на хипогликемија.

Како засладувачи може да се користи овошниот шеќер – фруитин. Препорачана дневна доза е 40-60гр. рамномерно распоредени во текот на денот или да одберете Sweеt Stevia кој е 100% природен и здрав засладувач. Претставува единствена природна алтернатива за белиот шеќер со 0 калории, 0 шеќери, без вештачки засладувачи и низок гликемичен индекс што го прави идеален за диетална исхрана, дијабетичари и луѓе со кардиоваскуларни нарушувања.

Зголемувањето на телесната тежина е многу потежок и подолготраен процес одколку слабеењето кај лица заболени од шеќерна болест. Причината за ваквата состојба е лошиот начин на исхрана односно не правилно и недоволно јадење како и недоволната физичка активност со која внесот на храна ќе се претвори во здрава маса но желбата за зголемување на тежината е најважна.

Најнапред пресметајте го бројот на калории кои треба да ги внесете:

КОТ калории за одржување на тежината
Т-тежина во килограми
В-висина во сантиметри
О-број на години
П-1 за мажи и 0 за жени

Добиениот број помножете го со 1.15 и ќе го добиете бројот на калории кои Ви се потребни секој ден. За да ја зголемите тежината внесувајте 1гр протеини на 1кг тежина дневно.
Храната поделете ја на 6 балансирани оброци односно 3 главни и 3 ужинки.

Во прилог Ви предлагаме еден брз, но вкусен рецепт:
1 шоља овесни снегулки Го Нутри Виталиа
2 шољи вода
½ лажичка цимет
¼ шоља сецкани ореви
Соино млеко СоВита на Виталиа

Подготовка: посолената вода оставете ја да врие, потоа намалете ја температурата и доддате ги овесните снегулки, варете 5 минути со редовно мешање за да не се згрутчи кашата. Додадете цимет, суво грозје и ореви, измешајте, поклопете го садот и оставете да одстои 5 минути. Послужете со млеко и засладете по желба.

Прашајте ја Др. Нела и вие добијте одговор на вашите дилеми поврзани со здравата исхрана. Живеј здраво и квалитетно. Кликни на следниот линк и постави прашање….
Виталиа и Др. Нела одговараат на вашите прашања