Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при САДУ најави предупредувачки еднодневен штрајк за 30.12.2019 година.
Причините за одржување на овој предупредувачки штрајк се најавеното потпишување на Колективниот договор и највеното покачување на платите само на дел од вработените кое според нас е дискриминирачко, незаконски и неуставно, како и игнорантскиот однос на Директорот на Фондот кој воопшто не сака да го слушне синдикатот и неговите барања, а најавува потпишување на Колективен договор.
Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при САДУ бара покачување на платите на сите вработени за 16% согласно покачувањето на минималната плата.
Доколку Директорите не се произнесат и доколку до следниот петок не изнајдеме заедничко прифатливо решение, вработените во Фондот ќе одржат еднодневен предупредувачки штрајк на 30.12.2019 година.
фото: Архива
